Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Проруската партија Вазраждане ги вандализира канцелариите на ЕУ во Софија

Зградата на претставништвото на Европската комисија во Софија, во која се наоѓа и Бирото на Европскиот парламент, беше измачкана со црвена боја за време на протестот во неделата од поддржувачите на проруската партија Вазраждане, меѓу кои беа и неколку пратеници од партијата

Протестот беше најавен во пост на страницата на Вазраждане (Преродба) на „фејсбук“ во кој беше соопштено дека ќе одат пред зградата на ЕК во Софија за да протестираат против мешањето на Брисел во внатрешните работи на Бугрија.

Вазраждане е отворено проруски настроена и води кампања против воената помош за Украина и против влезот на Бугарија во еврозоната.

Демонстрациите, кои се одржаа попладнето, околу половина час го блокираа сообраќајот во центарот на Софија пред Куќата на Европа, како што е позната зградата. Активистите фрлаа црвена боја – која симболично претставува крв- во знак на протест против воената поддршка на ЕУ за Украина.

Во областа имаше зголемено полициско присуство, но не беа пријавени насилни инциденти. Шефот на Европскиот парламент Роберта Мецола го осуди вандализмот.

„Зградата во која се наоѓа Канцеларијата за врски на Европскиот парламент во Софија беше цел на вандали незадоволни од нашиот став за поддршка на Украина. Ќе ја исчистиме зградата. Нашата поддршка за Украина ќе стане посилна. Нашиот глас кој ја осудува руската инвазија само ќе стане погласен“, напиша таа на Твитер.

Нападот во Софија го осуди и бугарското Министерство за надворешни работи.

„Ваквите дејствија не се компатибилни со модерна Бугарија како и со демократските вредности што ги отелотворува нашата земја“, велат од министерството.

Вазраждане освои 13,5% од гласовите на изборите на 2 април и има 37 пратеници во 240-члениот парламент. Оваа партија се потпира на проруските чувства кај многу Бугари, вкоренети во историјата.

Бугарија е во длабока политичка криза по неколку неуспеси да формира влада. Според експертите, и сегашниот обид на поранешната еврокомесарка Марија Габриел е осуден на неуспех.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест… Повеќе

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските… Повеќе