Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСветТОП ВЕСТИ

Лула ја пропушти средбата со Зеленски; украинскиот претседател: „Мислам дека Лула е разочаран“

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека не ја одржал планираната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Јапонија, бидејќи Зеленски доцнел.

Лула рече дека го чекал Зеленски да дојде на средбата и дека добил информација дека украинскиот претседател доцни.

„Очигледно имал состаноци и не можел да дојде“ рекол Лула.

Зеленски претходно изјави дека е најмногу разочаран поради пропуштената билатерална средба со Да Силва, а на новинарско прашање дали е разочаран што средбата не се одржала, Зеленски одговори: „Мислам дека Лула е разочаран“.

Набргу потоа, Зеленски се насмеа, како и присутните новинари.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе