22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Дојава за бомби во неколку институции во Белград и Нови Сад: целта се болници, факултети, спортски центри

Во КБЦ „Звездара“ и на ВМА, како и во Зоолошката градина во Белград, имало информации за подметнати бомби, пренесуваат српските медиуми.

Во тек е евакуација на јавните и спортските институции, трговските центри и факултетите во Нови Сад поради дојави за поставени бомби, стои во написите.

На имејл-адресите на надлежните служби и медиумите била испратена порака во која се вели дека „бомбите се темпирани да се активираат денеска во текот на утрото и рано попладне“.

Полицијата е на терен и врши увид во објектите.

Спонзорирано: