13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Суспендиран полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, доби и кривична пријава

Полицаецот, кој со пендрек го удри ракометарот на Вардар, Филип Талески, за време на натпреварот, кој изминатиот викенд се играше со „Пелистер“ во Охрид, е суспендиран и против него се води дисциплинска постапка. Против него е поднесена и кривична пријава.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против Х. Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачјето на СВР Охрид поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело малтретирање во вршење на службата по член 143 став 1 од Кривичниот законик, соопшти полицијата. Пријавениот, на 13.5.2023 година, околу 20 часот, во Спортската сала ‘Билјанини извори’, во Охрид, по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф. Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него“, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х. Р. ќе поведе постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а работникот ќе биде суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.

Снимката од интервенирањето на полицијата во Охрид, на која се гледа како полицаецот го удира ракометарот, беше раширена на социјалните мрежи.

Спонзорирано: