17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинскиот генерал се пофали со „првата успешна офанзивна операција“ во Бахмут

Русија испраќа ново засилување во околината на украинскиот град Бахмут, кој руските сили и платениците од групата Вагнер се обидуваат да го освојат речиси една година, изјави денеска Хана Маљар, заменичка на министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников.

Во меѓувреме, командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина рече дека „првата успешна офанзивна операција во одбраната“ на Бахмут покажала дека украинските сили можат да возвратат и да напредуваат и покрај големата концентрација на руските сили во и околу Бахмут.

„Напредокот на нашите сили во правец на Бахмут- ова е прва успешна офанзивна операција во одбраната на градот“, изјави украинскиот генерал-полковник Олександр Сирски, како што објавија од канцеларијата за медиуми на украинската армија на апликацијата Телеграм.

„Последните неколку дена покажаа дека можеме да одиме напред и во такви исклучително тешки услови. Операцијата за одбрана на Бахмут продолжува, донесени се сите неопходни одлуки за одбраната“, рече Сирски.

Спонзорирано: