Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На патот Маврови Анови – Гостивар излетало возило од коловоз, две сопатнички повредени

Вчера во 14 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Маврови Анови – Гостивар, во близина на Мавровската крстосница, патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ј.Ј.(64) од гостиварско Беловиште, излетало од коловоз.

Во несреќата, сопатничката Б.Ј.(65) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Е.Н.(66) од гостиварско Здуње со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК