14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

СРБИЈА ПЛАЧЕ: Почина девојчето кое беше рането во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград

Девојчето кое беше тешко повредено во пукотницата во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, почина утрово на Универзитетската детска клиника во Тиршова, јавуваат српските медиуми.

Во ужасниот напад на училиште, девојчето се здобило со сериозни повреди на главата опасни по живот. Таа им подлегна на тешките повреди и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување.

Министерката за здравство на Србија Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство на Србија изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче.

За потсетување, таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште. Коста К. потоа убил осум ученици и чуварот на училиштето.