Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

(Видео) Стоилковски: ДУИ и СДС формираа антиевропски фронт во одбрана на криминалот

ДУИ и СДС креираа анти-ЕУ фронт. Јавно признаваат дека прават брутална злоупотреба на европското знаменце, знак за процедура за скратување постапки за усогласување закони со европските. Напротив, менуваат веќе усогласен закон со ЕУ и тоа го прават со кршење на собраниските можности за побрзи усогласувања, истакна на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Туркаат закони на сила, ја кршат демократијата и го суспендираат Собранието. За да им мине криминалот, прифатени се услови спротивни на законите. Работата нема да оди побрзо ако нема проект и дозвола за градба, градбата нема да оди побрзо со преморени работници, ниту со плаќање за дивоградбите. Единствено, ќе оди криминалот на ДУИ, а полтронот Ковачевски ќе ја продолжи за неколку месеци политичка кариера“, вели Стоилковски.

Ниту народ ниту интеграции, ништо не им е важно, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, освен спроведување на најголемата пљачка на буџетот, со надзор за градба специјализиран за шиење и услови за тешка физичка експлоатација на работниците. „Пеналите во стотици милиони евра веќе ги плаќаат и тие пари нема да се вратат.
Ковачевски како најголем измеќар на ДУИ ги пушти низ вода пратениците, кои претходно поднесуваа закони за кои им се сонило дека се потребни за покривање криминал, па сега ги тера да учествуваат во криминален и антиевропски чин, да менуваат закони по скратени постапки спротивно на Деловникот, само да го заштитат криминалот на ДУИ“, потенцира Стоилковски.

Сето ова, како што вели, остава долготрајна последица, создава собраниска практика, создава услови утре која било држава да стави вето на интеграциите заради злоупотребена процедура и изигрување на демократијата и секако заради менување на еднаш усогласен закон со ЕУ со неевропски норми.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе