20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Собрани 9.401 оружје, веруваме дека ова ќе биде најуспешната акција, вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека досега во кампањата за собирање легално и нелегално оружје собрани се 9.401 оружје, повеќе од 400.000 единици муниција и 884 експлозивни направи, од кои 711 се бомби и минофрлачи.

Тој на прес-конференцијата по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, рече дека ова е многу повеќе оружје отколку што е собрано во 2015, 2016, 2017 и во 2020 година.

„Веруваме дека ова ќе биде најуспешната акција, долгорочна и нема да застанеме тука. Им благодариме за довербата на граѓаните“, рече Вучиќ.