20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Безбедна ли е туристичката дестинација Тунис? – Четворица убиени во напад пред синагога

Двајца верници, кои учествуваа на еврејскиот аџилак, беа убиени во вторникот вечерта кога туниски полицаец отвори оган пред синагогата „Ел Гриба“ на островот Џерба, соопшти туниското Министерство за внатрешни работи.

Би-би-си јавува дека подоцна бил убиен и полицаецот. Истрелите се слушнале набргу откога во пристаништето Џерба било пронајдено тело на друг убиен полицаец, чие оружје му недостигало.

Напаѓачот наводно првин го убил колегата за да ја украде муницијата пред да се упати кон синагогата.

Напаѓачот пукал неселективно кон безбедносните службеници, кои биле во близина на синагогата, при што биле убиени двајца посетители и уште еден припадник на обезбедувањето, а ранил и петмина припадници на обезбедувањето и четворица посетители. Потоа безбедносните сили го застрелале, соопшти МВР.

Несреќата се случила среде годишниот аџилак на островот Џерба, кој привлекува стотици Евреи од Европа и Израел.

Кога слушнаа истрели околу синагогата „Ел Гриба“, стотици верници што учествуваа на годишниот еврејски аџилак, кој заврши во вторникот вечерта, почнаа да бегаат, објавија медиумите. Упатено е полициско засилување за обезбедување на верниците. Весниците пишуваат дека полицаецот бил застрелан од своите колеги.

Некои медиуми јавуваат дека полицаецот бил убиен од свој колега во расправија, но оваа информација сè уште не е потврдена од официјален извор.

Организаторите велат дека повеќе од 5.000 еврејски верници, главно од странство, учествувале на годинешниот аџилак во Гриб, најстарата синагога во Африка, која беше обновена минатата година по двегодишен прекин поради епидемијата на Ковид-19.

Аџилакот во Гриб, кој се одржува секоја година на 33. ден од Пасха, е централна прослава на туниските Евреи. Аџиите главно доаѓаат од европските земји, САД и од Израел.