Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Париз и Лондон со повик до ЕУ: „Прогласете ја ‘Вагнер’ за терористичка организација“

Франција ја повика Европската Унија да ја прогласи руската воена компанија „Вагнер“ за терористичка организација бидејќи според написите Велика Британија се подготвува да го стори истото.

Велика Британија е подготвена формално да го прогласи „Вагнер“ за терористичка организација, што би значело воведување санкции и други казни за групата и нејзините членови, што би го зголемило притисокот врз Русија, објави лондонски „Тајмс“.

Повикувајќи се на владин извор, весникот наведува дека полицискиот оддел на ОК водел случај против „Вагнер“ два месеца и дека забраната на групата е неизбежна за неколку недели.

Ако „Вагнер“ биде забранет, секој што припаѓа на групата, присуствува на нејзините состаноци, ја поддржува или го носи нејзиниот грб во јавноста – ќе биде кривично гонет.

Би биле воведени санкции за групата, па „Вагнер“ нема да може да ги користи парите што би минувале низ британскиот финансиски систем.

Нема докази дека „Вагнер“ или поединци поврзани со групата биле активни во Британија од почетокот на војната во Украина, додава „Тајмс“.

Сепак, постои сомнеж дека групата помогнала да се извлечат руски пари од Британија откога Лондон воведе санкции за руските олигарси и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин, изјави владин извор.

Што се однесува до Франција, Париз официјално ја повика ЕУ да ја назначи „Вагнер“ за терористичка група.

Францускиот парламент усвои резолуција со која ѝ се препорачува на ЕУ да ја стави „Вагнер“ на листата со терористички организации, објави „Гардијан“.

„Каде и да оперираат, членовите на ‘Вагнер’ шират нестабилност и насилство. Тие убиваат и мачат. Тие масакрираат и ограбуваат. Тие заплашуваат и манипулираат, знаете, неказнето“, рече пратеникот Бенџамин Хадад во парламентот.

Тој додаде дека не станува збор за „обични платеници што бараат пари“, туку дека членовите на „Вагнер“, како што наведе, „од Мали до Украина ја поддржуваат агресивната политика на режимот на Владимир Путин“.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите… Повеќе

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест… Повеќе