21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коста и Урош, кои извршија масовни убиства, вежбале пукање на исто стрелиште

Коста К. (13) и Урош Б. (21), кои извршија масовни убиства во Белград и околу Младеновац, вежбале пукање на истото стрелиште „Партизан“ во Белград.

Истражителите не ја исклучуваат можноста во одреден момент дури и да се сретнале на тоа стрелиште, а можеби и да се запознале, пишуваат српските медиуми.

Инспекторите најпрвин утврдиле дека В. К., таткото на 13-годишникот, го носел на стрелиштето „Партизан“, а набргу потоа било откриено дека на истото место во неколку наврати вежбал гаѓање и Урош Б.

Сопственикот на приватното стрелиште „Партизан“, во кое почесен член бил таткото на момчето Коста К., на рочиштето негира дека момчето некогаш пукало во неговиот објект. Но, кога од него побарале снимки од безбедносните камери од стрелиштето, сопственикот рекол дека камерите не работат долго време.

Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Минатата среда во утринските часови се случи една од најголемите трагедии во историјата на белградските училишта. Малолетниот 13-годишен ученик Коста К. изврши крвав напад во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, во кое учел и самиот, а загинаа осум деца и чуварот.

Исто така, во престрелка во Младеновац, Урош Б. (21) во четвртокот на 4 мај околу 23 часот уби осум лица, а рани 14.

Спонзорирано: