23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг-ун го поддржа Путин: Русија ќе ги победи империјалистите

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Русија ќе победи во борбата против, како што рече, империјалистите.

Северна Кореја воспостави блиски врски со Кремљ и ја поддржа Москва по нападот на Украина минатата година, вклучително и признавањето на анектираните делови на Украина, потег што повеќето членки на Обединетите нации го нарекоа незаконски.

„Народе на Русија, ви испраќаме топли поздрави до вас, како и до руската армија и граѓаните што се борат за своето свето право да го одржуваат мирот во светот“, се вели во писмото на Ким до рускиот претседател Владимир Путин.

Ким исто така на Путин му го честита Денот на победата во Втората светска војна велејќи дека Русија ќе продолжи да ги штити својата автономија и регионалната стабилност.