9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Американски ветерани со закани спречени да присуствуваат на парадата во Москва

Американската влада застрашувала неколку американски ветерани од Втората светска војна кои сакале да отпатуваат во Москва на парадата на Денот на победата, изјави во понеделникот рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, пренесува ТАСС.

Според Антонов, американските власти втора година по ред ги блокираат соништата на американските ветерани да се обединат со своите руски соборци, а дури им се заканиле и со одземање на пасошите ако отпатуваат во Русија.

„Сакаме американските војници да знаат дека Русија е горда на нивниот придонес во заедничката победа. Непријателската политика на САД нема да го поткопа духот на соборците за време на Големата патриотска војна. Сметаме дека е наша должност да ја браниме вистината за овие херои“, истакна амбасадорот.

Антонов, исто така, укажа на зголемената русофобија во САД, која, според него, била поттикната и охрабрувана од Вашингтон. Тој ги обвини и американските медиуми дека целосно ја игнорираат годишнината од нацистичкиот пораз за да избегнат да му дадат каква било заслуга на СССР.

„Се прават дрски обиди да се фалсификуваат фактите за Втората светска војна, се игнорира одлучувачкиот придонес на Црвената армија за поразот на фашизмот, а Советскиот Сојуз е исклучен од листата на победници. Во исто време, незаслужено се пропагира улогата на САД и на Обединетото Кралство“, рече амбасадорот.

Антонов го нарече срам и исмејување на историјата и на здравиот разум фактот дека низ Европа го слават украинскиот претседател Володимир Зеленски дури и кога владата во Киев ги велича нацистичките соработници како Степан Бандера и неговото движење.

„Ги повикуваме американските власти да се премислат и да престанат да им угодуваат на нацистите“, истакна Антонов. „Мора да бидеме искрени со паднатите херои. Престанете да ја извитоперувате историјата. Поттикнувањето на неонацизмот и русофобијата е неприфатливо“.

Рускиот амбасадор, исто така, посочи дека непознати вандали во текот на викендот искршиле православни надгробни споменици на гробиштата Рок Крик во Вашингтон.

Според локалниот руски парохиски свештеник, напаѓачите ја осквернавиле и капелата, обезличувајќи ги иконите на Свети Јован Шангајски и на свети Франциско.

Спонзорирано: