Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русите во паника го евакуираа градот во близина на нуклеарната централа: „Автомобилите со часови чекаат, болниците ги испуштаат пациентите“

Русија им нареди на луѓето да напуштат 18 населби во регионот на Запорожје, вклучувајќи го и Енергодар во близина на електраната, пред очекуваната контраофанзива од Украина.

Украинскиот градоначалник на Мелитопол, Иван Федоров, изјави дека морале да чекаат во ред пет часа бидејќи илјадници автомобили си заминуваат, пренесе Би-би-си.

„Војниците и имателите на специјални пропусници се надвор од редот. Камионите со ограбена стока се во посебна линија. А за илјадници автомобили се чека најмалку 5 часа“, напиша тој на „Телеграм“.

Во меѓувреме, создадени се и редици за гориво, а на возачите во Запорожје им било кажано дека не се планирани нови испораки.

„Гардијан“ наведува дека руските сили преместуваат членови на локалните власти, соработници, деца и наставници од Токмак во Бердјанск, кој исто така е под руска контрола. Весникот наведува дека на родителите им било кажано да не ги запишуваат своите деца во училиштата, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб.

Во неделата Генералштабот соопшти дека цивили се евакуираат во градовите Бердјанск и Приморск.

„Продавниците во евакуираните области останаа без стока и лекови, болниците ги испуштаат пациентите на улица поради стравувањата дека снабдувањето со електрична енергија и вода ќе биде прекинато доколку Украина ја нападне областа“, рече Федоров на „Телеграм“.

„Делумната евакуација што ја најавија се случува пребрзо и постои можност да се подготвуваат за провокации“, рече Федоров.

Во петокот гувернерот на областа Запорожје, контролирана од Русија, Евгениј Балицки, изјави дека наредил евакуација на населбите и селата во близина на линијата на фронтот додавајќи дека украинската војска го засилила гранатирањето во последните денови.

Нуклеарното тело на Обединетите нации предупреди дека може да се случи тежок нуклеарен инцидент, со оглед на близината на најголемата нуклеарна централа во Европа, која беше заземена од Русите во првите денови од инвазијата на Украина, пренесуваат медиумите во светот.

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, рече дека евакуацијата на жителите во близина на нуклеарната централа укажува на можноста за жестоки борби меѓу руските и украинските сили околу објектот.

„Иако реакторите на електраната не произведуваат струја, сепак се полни со нуклеарен материјал“, истакна Гроси додавајќи дека морал да помине низ минско поле кога ја посетил електраната пред неколку недели.

Претходно, МААЕ предупреди дека ситуацијата во електраната Запорожје „станува сè понепредвидлива и потенцијално опасна“.

Спонзорирано: