Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Русија изврши масовни ракетни напади врз Украина: „Бахмут мора да падне до утре“

Русија го интензивира гранатирањето на Бахмут со надеж дека ќе го освои до утре (вторник), изјави Олександр Сирски, висок украински генерал задолжен за одбраната на градот додавајќи дека ќе стори сè за да го спречи тоа.

Тој посочи дека руските сили го зголемиле интензитетот на гранатирање на градот со тешко вооружување, дека почнале да користат понапредна опрема и дека ги прегрупираат војниците.

„Денес, важно е да се донесат одлуки што е можно побргу и да се предвидат акциите на непријателот“, рече Сирски на својот „Телеграм“, како што рече, по посетата на војниците по должината на линијата на фронтот во Бахмут.

„Русите сè уште се надеваат дека ќе го освојат градот до 9 мај. Наша задача е да го спречиме тоа“, рече тој.

Инаку, 9 мај е празникот на Денот на победата во Русија кога се слави победата над нацистичка Германија.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе