12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватски војник скокнал во Сава и спасил човек во инвалидска количка

Хрватскиот војник Стјепан Роснаки вчера во Славонски Брод спасил од давење маж во инвалидска количка, соопшти Министерството за одбрана.

Во спасувачката акција на шеталиштето „Браќа Радиќ“ учествувал припадник на 3-та тенковска чета на тенковскиот баталјон „Куна“, кој скокнал во реката Сава и го ослободил давеникот и го извлекол од реката. Војникот му го спасил животот на мажот заедно со уште двајца граѓани.

Министерот за одбрана на Хрватска Марио Баножиќ му се заблагодарил на војникот за неговата благородност и храброст, велејќи дека ова е уште еден показател за извонредноста и благородноста на хрватските војници.

„Верната служба, пожртвуваноста и професионалноста се длабоко вкоренети во сите наши војници. Со својот пример, војникот Роснаки потврди дека хрватската армија може многу брзо и лесно да се прилагоди на новите ситуации и дека ќе им биде на располагање на своите граѓани секогаш кога е потребно“, рече Баножиќ.

Спонзорирано: