Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Изјавите на украинските власти се монструозни, смета портпаролот на Путин

Изјавите на украинските власти за нивната подготвеност да „убијат Руси ширум светот“ уште еднаш потврдуваат дека одлуката на Путин е исправна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој, како што се наведува, мисли на одлуката на рускиот претседател да почне специјална воена операција во Украина.

Портпаролот на Кремљ додаде дека руските специјални служби ќе ги земат предвид тие изјави и ќе ги преземат сите неопходни мерки во овој поглед, пренесува „Тасс“.

Агенцијата потсетува дека шефот на Украинската разузнавачка служба на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, изјавил дека украинските војници „убивале и ќе убиваат Руси каде било во светот до целосна победа на Украина“.

Песков оцени дека Киев не само што стана спонзор туку и, како што рече, тој е директен организатор на терористичките акти.

„Ова е навистина монструозна изјава. Оваа изјава и она што го кажа господинот Буданов е директна потврда дека режимот во Киев не само што спонзорира терористички активности туку е и директен организатор на таа активност. Оваа изјава открива уште една многу важна карактеристика на киевскиот режим“, рече Песков.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе