17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Австрија: Граѓаните на БиХ и Хрватска се искршија од ќотек во пијана состојба, завршија во болница

Конфликтот меѓу двајцата мажи, кој избувнал пред ресторан во австриски Тирол, во близина на Станках, прераснал во физичка пресметка, по што и двајцата морале да бидат хоспитализирани.

Сепак, како што пишуваат австриските медиуми, и двајцата сторители на оваа тепачка биле во алкохолизирана состојба до таа мера што полицијата не можела да ги сослуша.

Се се случило кога државјанин на Босна и Херцеговина (20) влегол во конфликт со државјанин на Хрватска (50). Како што соопшти полицијата, се уште не се знае за што се скарале, но очигледно тоа не им било ни важно бидејќи набрзо се степале, а едвај успеале да ги разделат.

Двајцата насилници се здобиле со сериозни повреди, поради што лекарите од итната помош одлучиле да бидат хоспитализирани. Моментално се во болница, во градот Ројте. Од полицијата велат дека не можеле да ги сослушаат бидејќи биле во тешка интоксикација.