9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
СВЕТТОП ВЕСТИ

Светските медиуми за масакрот во Србија: Западен Балкан е преплавен со нелегално оружје

Светските медиуми известуваа за масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, во кој беа убиени осум ученици и еден чувар.

„Редок и веројатно без преседан настан, во земја со строги закони за огнено оружје, но високо ниво на поседување оружје, предизвика шок во локалната заедница и пошироко. Србија има високо ниво на поседување оружје по конфликтот со Косово во 1990-тите. Студија од 2018 година покажа дека земјата го има третото највисоко ниво на поседување оружје во светот, поврзано со Црна Гора. Само САД и Јемен се понапред. Но, земјата има строги закони за оружје, што значи дека масовните пукања се релативно ретки“, пишуваат „Ројтерс“ и „Си-Ен-Ен“.

За престрелката јави и „Би-Би-Си“, наведувајќи дека во престрелката во српската престолнина загинале најмалку девет лица. „Видов деца како трчаат од училиште и врескаат. Дојдоа родители, тие беа во паника. Подоцна слушнав три истрели“, цитираше еден ученик „Би-Би-Си“.

Би-би-си известува дека масовните пукања се релативно ретки во Србија, која има многу строги закони за оружје, но поседувањето оружје во земјата е меѓу највисоките во Европа.

„Западен Балкан беше преплавен со стотици илјади нелегално оружје по војните и немирите во 1990-тите. Во 2019 година се проценува дека во Србија има 39,1 огнено оружје на 100 жители“, пишува „Би-Би-Си“.

„Асошиетед прес“ објави за пукањето во главниот град на Србија и потсети дека во последните неколку години немало масовни пукања во училиштата во Западен Балкан. Во последното масовно пукање, ветеран од балканската војна во 2013 година уби 13 лица во село во централна Србија, пишува „Асошиетед прес“.

„Експертите наведуваат дека повеќедецениската нестабилност како резултат на конфликтот, како и тековните економски тешкотии, би можеле да поттикнат такви испади“, пренесува АП.

Спонзорирано: