8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Кремљ: Обид за атентат врз Путин со беспилотни летала (ВИДЕО)

Киев се обидел со беспилотни летала да ја нападне резиденцијата на претседателот Владимир Путин во Кремљ, објави неговата администрација, пренесува Риа.

– Два дрона беа насочени кон Кремљ. Како резултат на навремените дејствија на армијата и специјалните служби кои користат радарски системи за војување, уредите се оневозможени – се наведува во соопштението.

Се додава дека Путин не е повреден и дека неговиот распоред на задачи не е променет.

На социјалните мрежи се појави и видео од наводен обид за напад со дрон врз резиденцијата на Путин.

При падот и разлетувањето на фрагменти од беспилотното летало на територијата на Кремљ, нема повредени.

Кремљ ги нарече овие акции планиран терористички акт и обид за атентат на претседателот пред парадата за Денот на победата на 9 мај.

– Руската страна го задржува правото да преземе одмазднички мерки каде и кога ќе смета дека е потребно – додава администрацијата на рускиот претседател.

Украина се уште не ги коментира овие обвинувања.

Спонзорирано: