17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ФСБ уапси украински платени убијци и бугарски шверцер на Крим

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) осуетила заговор на украинското воено разузнавање за атентат на највисоките руски функционери на Крим, пренесува РТ.

Во акцијата бил разбиен терористички круг, кој наводно стои и зад саботажата на руската железница во февруари.

Според соопштението на ФСБ објавено денеска, лидер на групата бил Роман Машовец, офицер на украинската агенција за воено разузнавање (ГУР и заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски).

Машовец е близок соработник на началникот на ГУР, Кирил Буданов, кој за операцијата на Крим регрутирал шест руски и украински државјани. Групата имала задача да подготви атентати врз високи функционери, вклучително и претседателот на Република Крим, претседавачот со парламентот на регионот и на градоначалникот на Јалта.

Тимот наводно планирал и диверзантски операции на транспортната инфраструктура.

Украинските агенти имале воспоставен канал за шверцување, кој им овозможил да дојдат до потребната нелегална опрема, вклучувајќи експлозиви, детонатори, уреди за следење и друга опрема, велат од ФСБ.

Руската агенција при рацијата наводно запленила пет импровизирани експлозивни направи, 6 кг пластичен експлозив од британско производство и други инкриминирачки материјали. Снимката од рацијата исто така прикажува неколку рачни гранати откриени на локацијата.

Запленетиот експлозив бил идентичен со оној употребен во саботажата на една железничка пруга на Крим на 23 февруари. Според извештаите од тоа време, инцидентот се случил во областа Бакчисарај и го нарушил сообраќајот на полуостровот.

Рутата за шверцување водела од Бугарија преку Турција и Грузија и вклучувала тројца украински државјани и еден Бугарин, што ФСБ го идентификувала како Д. Петранов.

Петранов бил уапсен на Крим заедно со припадниците на украинскиот круг. Шверцуваната опрема била скриена во електрични шпорети.

Спонзорирано: