16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: На пратеници без сертификат им бил покажан договорот за коридорите

Увид во целиот договор од 500 страници и разумен рок од 10 дена за разгледување бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ за коридорите.

Пратеникот Антонијо Милошоски на прес-конференција рече дека парламентарното мнозинство самостојно си одржува координации и самостојно носи заклучоци како што ним им одговара, а денешните заклучоци ја промашуваат суштината на барањето на пратениците од опозицијата.

„Суштината на нашето барање е според Законот за класифицираните информации. Ние не бараме некој министер да ни го раскажува договорот, ние бараме и имаме право договорот да ни биде даден на увид и бидејќи се работи за 500 страници, да имаме разумен рок од најмалку 10 дена да го разгледаме, анализираме и потоа да имаме затворена седница, на која ќе ги искажеме сите наши забелешки, но и ќе ги објавиме сите клаузули кои се штетни за буџетот на Република Македонија. Тоа е нашето барање“, рече Милошоски.

Како што рече, веќе е направен еден преседан. Самиот договор, вели Милошоски, имале можност да го видат 8 пратеници од ДУИ и 2 од СДСМ, а најмалку двајца од нив немаат безбедносен сертификат.

„Ако можел некој пратеник колега да има увид во договорот без безбедносен сертификат и да прави предлог за законски измени на 8 клучни закони, вклучително и Законот за работните односи, тогаш сите пратеници може да го добијат, во најмала рака сите оние што имаат безбедносен сертификат, да имаат време да го разгледаат и потоа Собранието на затворена седница да ги слуша забелешките, критиките, пофалбите или обвинувањата од страна на пратениците“, рече Милошоски.

Порача до власта да постапи во согласност со Законот за класифицираните информации во согласност со Деловникот и да го достави договорот.

Спонзорирано: