25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Србија 45 лани луѓе загинале на работното место

Во Србија лани на работа животот го загубиле 45 работници, 3.455 биле тешко повредени, а 17.558 вработени се здобиле со полесни повреди, соопшти Здружението на слободни и независни синдикати (АСНС).

Во соопштението се оценува дека е особено загрижувачко што смртните повреди на работа повеќе не се случуваат само во градежништвото, рудниците или наменски фабрики и дека „работниците сè повеќе умираат поради трка по профит“.

„Забрзување на производниот синџир надвор од границите на физичките способности на работниците, работно време од десет и 12 часа, непочитување на потребата за одмор за време на работа и дневен одмор, а пред се третирање на работниците како потрошна роба, трка за брза заработка и огромниот профит доведе до фатални исходи и во производството на кабли и текстил“, соопшти АСНС.