25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поштар од Краљево украл 55 пензии: наместо пензионерите, тој самиот ги потпишувал налозите за исплата

Припадници на МВР, Оддел за борба против корупција Краљево, го уапсиле И.Ј.(31), вработен во ЈП „Пошта Србија“, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело проневера при вршење на дејност.

Се сомничи дека во април годинава присвоил пари во износ од 1.093.428 динари наменети за исплата на пензии на 55 корисници, оштетувајќи ја за исто толку ЈП „Пошта Србија“.

Налозите наместо пензионерите ги потпишувал И.Ј., а потоа како платени ги пуштал во благајна, додека парите за неисплатените налози не ги раздолжувал.

Осомничениот со кривична пријава ќе биде изведен до надлежното обвинителство.