25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Македонски државјанин убиен во Бугарија

Четиринаесетгодишно момче од Несебар е приведено за убиство на маж чие тело е пронајдено во шумска област во областа Канска Шатра кај Сончев Брег, Бугарија соопшти регионалната управа на бугарското МВР. Според информациите на тамошните медиуми, усмртеното лице е македонски државјанин.

Како што објави бугарско „Утро“, пронајдениот маж имал видливи повреди на главата.

-Пријавата за пронајдениот маж е примена вчера (27.04), околу 11.00 часот, во канцеларијата на МВР во Несебар. Како резултат на полициските дејствија на службеници од Одделот за „Криминална полиција“ – Бургас и Регионалната управа – Несебар, било констатирано дека телото е на 49-годишен државјанин на Република Северна Македонија, кој влегол Бугарија на 24 јануари годинава преку граничниот премин Гуешево. По спроведувањето на повеќекратни оперативно-претресни мерки и процесно-истражни дејствија меѓу кои распит и одземање видеоснимки од безбедносни камери, утврдено е дека сторител на убиството е 14-годишно момче од Несебар, кое било приведен со потерница во траење до 24 часа, соопштило бугарското МВР.

Според истражителите, пријавениот делото го извршил удирајќи го со остар предмет. Причините за убиството се уште се истражуваат. Обвинителството во Бургас се очекува денеска да соопшти детали од истрагата.