Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

На 27.04.2023 околу 12.30 часот на ул.„Петре Георгиев“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно пред тоа на паркинг во кругот на универзитет „Св.Кирил и Методиј“ на бул.„Гоце Делчев“ од патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Т.(19) од Скопје, одзел ранец со лични предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК