9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Украина: Најмалку 12 загинати во рускиот напад

Министерот за внатрешни работи на Украина, Ихор Клименко, изјави дека бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз деветкатница во Уман, град што се наоѓа на околу 200 километри јужно од Киев, се искачи на најмалку 10 лица, а 17 се ранети.

Руски проектил ја погодил деветкатницата пред зори додека жителите сè уште спиеле. Во југоисточниот град Днипро руските сили погодија куќа со проектил и убија 31-годишна жена и нејзината двегодишна ќерка, објави регионалниот гувернер Серхи Лисак.

Така, бројот на загинати во најголемиот руски ракетен напад врз Украина во изминатите два месеца се искачи на 12, рече тој.

Спонзорирано: