23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефицата на УНМИК: Неопходно е да се намалат нивото на недоверба и запаливата реторика

Шефицата на УНМИК, Каролин Зијаде, на денешната седница на Советот за безбедност на ОН за Косово ги повика страните вклучени во преговорите да го подигнат нивото на доверба, истакнувајќи дека мора да се преземат чекори за да се осигура дека полицијата и судството се целосно изолирани од политичко влијание, пренесува „Косово онлајн“.

„Потребно е да се намалат нивото на недоверба и запаливата реторика“, изјави Зијаде.

Според Зијаде, потпишувањето на Заедничката декларација за исчезнати лица може да биде чекор напред кој, како што објасни таа, ќе им даде шанса на семејствата од двете страни за одговори за нивните најмили.

Шефицата на УНМИК, исто така, повика на темелно разгледување на Нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство на северот од Косово.

Денешната сесија на СБ за Косово се совпаѓа со годишнината од неколку значајни настани, меѓу кои и самитот во Солун на кој пред точно 20 години беше претставена европската иднина на Западен Балкан, и десет години по првиот договор во Брисел.

„Акциите и реакциите ги одвлекоа Приштина и Белград настрана од планираниот пат. Ова е нешто што лидерите мора да го променат“, истакна Зијаде.

Таа предупреди на фрустрацијата кај граѓаните предизвикана од неизвесната иднина и повтори дека ОН ќе застанат на страната на оние кои сакаат посветла и одржлива иднина.

Зијаде ги охрабри лидерите да комуницираат јасно и континуирано со граѓаните за прашања кои влијаат на животот, меѓ кои и за непристрасноста на судските институции и за заштитата на човековите права.

Таа нагласи дека е потребна јасна и континуирана комуникација со јавноста во однос на прашањата кои ги засегаат нивните животи и човекови права.

„Тоа се прашања како експропријацијата на имотот и можноста да се смета на непристрасни судски институции. Неопходно е да се намалат недовербата и неизвесноста што ја чувствуваат обичните жители од двете страни на реката Ибар. Треба да се избегнува обвинувачката реторика, а стравовите треба да се заменат со конкретни причини за доверба и за оптимизам“, рече Зијаде.

Шефицата на УНМИК го спомена и „мирното спроведување на вонредните локални избори на 23 април“ на северот од Косово, истакнувајќи во исто време дека треба да се решат прашањата за застапеноста и ги повика избраните лидери и институции да ги исполнат интересите на населението.

Спонзорирано: