8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Претседателот на Мексико се онесвестил за време на состанок, трет пат му е дијагностициран ковид: „како да заспав“

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор накратко паднал во несвест во текот на викендот, откако му бил дијагностициран Ковид-19. Обрадор изјави дека неговите лекари биле загрижени, па му дале еден литар инфузија за рехидратација.

Обрадор беше на обиколка на полуостровот Јукатан во неделата кога дозна дека по трет пат е позитивен на коронавирусот. Тој рече дека лекарите сакале да го вратат во главниот град на носилки, но изјави дека неговата состојба „не е толку сериозна“.

Локалните мексикански медиуми објавија дека Обрадор се онесвестил во неделата наутро и морал да ја откаже турнејата, што неговиот портпарол тогаш го демантираше.

Сепак, тој во средата призна дека работите се искомплицирале кога неговиот притисок наеднаш паднал за време на состанокот со армиските инженери.

„Се чувствував како да заспав. Не изгубив целосно свест, туку колабирав, поради слаб притисок – откри Обрадор.

Претседателот рече дека потоа бил префрлен во Мексико Сити, но рече дека не бил однесен на носилки.

Тој ќе го продолжи лекувањето од дома, а министерот за внатрешни работи Адан Аугусто Лопез Хернандез ќе ги информира новинарите секој ден додека Обрадор не закрепне.

Ова е трет пат за Обрадор да има корона, а тој имаше и срцев удар во 2013 година.

Спонзорирано: