12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Бајден: Можеби не сум единствениот што може да го победи Трамп, но добро го познавам

Еден ден откако објави дека ќе се кандидира за втор претседателски мандат, американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека можеби не е единствениот кандидат кој би можел да го победи Доналд Трамп во 2024 година, но нагласи дека добро го познава Трамп.

„Можеби не сум единствениот што може да го победи, но добро го познавам и запознаен сум со опасноста што тој ја претставува за нашата демократија“, рече Бајден и вети дека ќе ја заштити американската слобода од „екстремистите“ поврзани со Трамп.

Бајден потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, дури и ако Трамп не се кандидира и оцени дека има уште многу да се направи за да ја заврши својата работа и да се осигура дека САД се „економски и политички безбедни долго време“.

„Мислам дека треба да ја завршиме таа работа“, рече Бајден.