12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Во Украина убиен новинар на италијански весник, ранет е и негов колега

Украински новинар кој работел како локален соработник на италијанската „Република“ е убиен од снајперски истрел на југот на Украина, а неговиот италијански колега е ранет, објави денеска весникот.

„Нашиот дописник Корадо Зунино и неговиот колега Богдан Битик беа нападнати во заседа од руските сили во предградијата на Херсон, на југот на Украина“, пишува весникот.

„За жал, Богдан Битик не преживеа, а Корадо, кој беше ранет во рамото, е примен во болница во Херсон“, додава „Република“.

Тие биле во близина на главниот мост во Херсон кога биле погодени.

„Тие не удрија. Го видов Богдан на земја, не мрдаше. Му се јавив, но тој не ми одговори“, изјави италијанскиот репортер.