Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

107 санкционирани возачи во Скопје, 27 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК