34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдено петгодишно девојче мртво и голо во вреќа за ѓубре во Франција, полицијата уапсила тинејџер

Безживотното тело на петгодишното девојче, кое исчезна во Франција, било пронајдено во вреќа за ѓубре, а за нејзиното убиство е обвинет тинејџер (15).

Девојчето било пријавено за исчезнато од мајката во вторникот. Полицијата го пронашла петгодишното девојче мртво и голо во кеса за ѓубре во стан на само 200 метри од куќата на родителите.

Според германските медиуми, за нејзината смрт е обвинето 15-годишно момче. Тинејџерот сам ја известил полицијата за смртта на девојчето, јавува RTL.DE.

„Она што се случи е драматично. Нема зборови, страшно е. Многу размислувам за семејството. Страшно е да се изгуби дете под такви околности“, изјави градоначалникот Жан-Пјер Мишел за весникот.