17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаити е на работ на војна, потребна е итна реакција, вели Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на итно распоредување на меѓународни вооружени сили на Хаити за да се запре ескалацијата на насилството на бандите и најтешката криза за човековите права во земјата во последните децении.

Tој во најновиот извештај предупредува дека несигурноста во тој дел достигнала нивоа споредливи со земји во вооружени конфликти.

Гутереш минатиот октомври упати итен апел до специјализираните вооружени сили за да се запре кризата во најсиромашната земја во Латинска Америка, на барање на премиерот на Хаити Ариел Хенри и Советот на министри на земјата.

Во својот извештај до Советот за безбедност, Гутереш повтори дека распоредувањето на меѓународните сили останува „клучно“ за да им се помогне на властите на Хаити да го потиснат насилството и кршењето на правата, да го обноват владеењето на правото и да создадат услови за одржување национални избори. Советот денеска треба да расправа за извештајот.

Спонзорирано: