13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Милијардерите пронајдоа нов свет грал за инвестирање: „Нема ограничување штом ќе го почнете“

Најбогатите шефови на технолошки гиганти пронајдоа нов свет грал на инвестиции – нуклеарната фузија.

Марк Бениоф, коосновач и извршен директор на компанијата за облак-компјутери „Селсфорс“ (Salesforce), ја нарекува изградбата на фузија реактори величествен сон.

„Тоа е светиот грал. Тоа е митски еднорог. Нема ограничување штом ќе го почнете“, изјави Бениоф.

Бениоф инвестира во американската компанија „Комонвелт фјужн системс“ (Commonwealth Fusion Systems (CFS)), која дизајнира и создава компактни машини за нуклеарна фузија. Бил Гејтс е исто така инвеститор во CFS, а основачот на „Амазон“, Џеф Безос, инвестирал во канадската компанија „Генерал фјужн“ (General Fusion).

Фузијата е процес што постојано се одвива на Сонцето. Тоа е процес на спојување на јадрата на лесни атомски елементи, при што се ослободува огромна количина енергија. Научниците веќе стотина години знаат дека енергијата на нуклеарната фузија се ослободува на Сонцето, а се обидуваат да ја развијат на Земјата со децении. Едно од најголемите достигнувања во истражувањето за фузијата се случи минатиот декември кога научниците од националната лабораторија „Лоренс Ливермор“ дојдоа чекор поблиску до пресвртница во создавањето чист и неограничен извор на енергија. Тоа беше првпат на Земјата кога контролирана реакција на фузија произведе повеќе енергија отколку што беше потребно за да се почне и одржи. Нуклеарната фузија се смета за потенцијален извор на енергија во иднина бидејќи не произведува нуклеарен отпад. Но, веројатно ќе поминат децении пред да може да се примени за комерцијално производство на електрична енергија.

И покрај ова, секторот за нуклеарна фузија забележа голем пораст на глобалните инвестиции во последните години. Само во 2021 година околу 2,8 милијарди долари беа инвестирани во фузија во споредба со речиси 2 милијарди долари во претходната деценија.

Бениоф рече дека лицето што го убедило да инвестира во компанија што се занимава со комерцијализација на нуклеарна фузија е Винод Косла, коосновач на „Сан мајкросистемс“ (Sun Microsystems).

Спонзорирано: