16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кина не сака мир во Украина, предупредува чешкиот претседател

На Кина не може да ѝ се верува дека ќе посредува за мирот меѓу Русија и Украина, предупредува чешкиот претседател Петр Павел, истакнувајќи во интервју за „Политико“ дека Пекинг има корист од продолжувањето на војната.

Коментарите на Павел доаѓаат среде обидите на Кина да се позиционира како миротворец во Украина поставувајќи неодамна нејасен патоказ за ставање крај на конфликтот.

И додека повеќето западни сојузници се скептични за предлозите, некои земји, како Франција, тврдат дека Кина би можела да одигра голема улога во мировните преговори.

Павел, поранешен генерал и висок функционер во НАТО, сепак е недвосмислен. Кога станува збор за Украина, тврди тој, Кина го сака само она што е најдобро за себе, а засега тоа е војната.

„Верувам дека е во интерес на Кина да го продолжи ова статус кво бидејќи така може да ја принуди Русија на голем број отстапки“, вели Павел додавајќи дека во замена за партнерството без ограничувања со Кремљ, Пекинг може да добие евтина нафта, гас и други ресурси од Москва.

„Исто така, за Кина е добро што поддршката на Западот за Украина станува полека слабее, ,вели тој.

Забелешките на Павел како да беа пророчки зашто само неколку часа по неговата изјава, кинескиот амбасадор во Франција не го доведе во прашање суверенитетот на државите произлезени од поранешниот Советски Сојуз, вклучувајќи ја тука и Украина.

Иако Пекинг се огради од коментарите на својот амбасадор, инцидентот поттикна жестока расправа за тоа дали Кина може да помогне во воспоставувањето мир во Украина.

„Не мислам дека Кина има вистински интерес да ја реши војната за кусо време“, рече чешкиот лидер додавајќи дека Пекинг ја користи војната за да учи.

„Кина секој ден учи од конфликтот “, рече Павел, кој стапи на функцијата претседател минатиот месец, „Тие внимателно следат што прави Русија, како реагира Западот“.

Спонзорирано: