8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовен инцидент во училиште: 60 ученици колабирале од хемиско труење

Најмалку 59 ученици колабирале како последица на хемиско труење во салата во училиште во Пирна, Германија.

На часовите по физичко, првите седум деца се пожалиле на мачнина, вртоглавица и трнење во рацете. Тремор на рацете пријавила и професорката по физичко.

До пладне бројот на деца кои се пожалиле се искачи на 32. Полицијата тогаш соопшти дека до доцна попладне „59 ученици и еден наставник“ се повредени и добиле лекарска помош на лице место, но 12 деца морале да одат во болница .

Според извештаите, во овој инцидент биле погодени вкупно 63 лица, од кои 22 се пренесени во болница.

– Во четвртиот час имавме физичко образование. Немаше мирис кога влеговме во салата, но почнаа да ме болат главата и вратот. Наставникот нè извади од салата. Ни кажаа дека истечела некоја хемикалија – изјави за Билд ученик од осмо одделение.

Портпаролот на полицијата рече дека, според првичните информации, до инцидентот дошло како последица на употреба на хемиско средство за чистење.

Спонзорирано: