26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 3.000 мигранти тргнаа на протестен марш во Мексико

Околу 3.000 мигранти во неделата тргнаа во, како што ја нарекуваат, масовна протестна поворка низ јужниот дел на Мексико за да побараат затворање на притворските центри како оној што се запали минатиот месец, при што загинаа 40 мигранти, пренесува „Хил“.

Пожарот во Сјудад Хуарез, преку границата од Ел Пасо, Тексас, почнал откако мигрант наводно запалил душеци од пена во знак на протест поради неговиот трансфер Огнот набрзо го наполнил објектот со чад, но никој не ги пуштил мигрантите надвор.

Мигрантите тргнале од градот Тапачула, во близина на границата со Гватемала, а нивната цел е да стигнат до Мексико Сити за да побараат промени во третманот на мигрантите.

„Можеше да биде секој од нас. Всушност, загинаа многу наши сонародници. Единственото што го бараме е правда,“ вели мигрантката од Салвадор Миријам Аргуета за загинатите во пожарот.

Сепак, во минатото, многу вакви маршеви продолжуваа до границата со САД, што речиси секогаш е нивна цел. Мигрантите се главно од Централна Америка, Куба, Венецуела, Еквадор и од Колумбија.

Мексиканските власти наметнаа ограничувања со документи и подигнаа контролни пунктови на автопатот за да задржат десетици илјади фрустрирани мигранти во Тапачула, што им го отежнува патувањето до границата со САД.

Аргуета објаснува дека кога мигрантите бараат работа во Тапачула, тие добиваат работни места што можеби не се понижувачки, но Мексиканците сепак не го прифаќаат, напорна работа што се плаќа многу малку.

Организаторот на маршот, Иринео Мухика, вели дека мигрантите бараат распуштање на Агенцијата за имиграција во земјата, чии претставници се обвинети – дел се обвинети за убиство – за пожарот на 27 март. Мухика ги нарече притворските центри за мигранти „затвори“.

Мексиканското обвинителсто најави дека ќе поднесе обвиненија против клучниот човек во Агенцијата за имиграција, Франциско Гардуњо, кој не ја спречил катастрофата во Сјудад Хуарез и покрај претходните индикации за проблеми во притворскиите центри на неговата агенција.

Владините ревизии откриле „шеми на неодговорно однесување и повторени пропусти“ во институтот за имиграција.

Шест вработени на Националниот институт за имиграција, чувар во центарот и венецуелскиот мигрант обвинет за подметнување на пожарот веќе се во притвор и се соочуваат со обвиненија за убиство.