26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров пристигна во Њујорк, на седницата на Советот за безбедност на ОН

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк каде денеска и утре ќе учествува и ќе претседава со седниците на Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Највисокиот руски дипломат денеска се очекува да одржи состанок со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја претходно изјави дека Русија „има многу теми за разговор“.

Покрај тоа, Лавров покани и врвни дипломати од повеќе земји, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, да учествуваат на седниците на Советот за безбедност со кои претседава Русија.