26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел: ЕУ ќе продолжи да работи на политичко решение на конфликтот во Судан

Европската Унија ќе продолжи да работи на политичко решение на конфликтот во Судан и покрај евакуацијата на дипломатскиот персонал и другите граѓани на ЕУ од земјата, изјави шефот на дипломатијата на Унијата, Жозеп Борел.

„Мораме да продолжиме да се залагаме за политичко решение. Не можеме да дозволиме Судан да експлодира бидејќи тоа ќе испрати шокови во Африка“, рече Борел пред состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тој додаде дека амбасадорот на ЕУ во Судан сè уште е во земјата.

„Капетанот е последниот што го напушта бродот. Тој е во Судан, но повеќе не е во Картум“, рече Борел.