13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 21 лице загинаа во пожар во болница во Пекинг, за да се спасат луѓето скокаат преку прозори

Дваесет и едно лице загинаа во пожар во болницата Чангфенг во Пекинг, кој предизвика евакуација на десетици пациенти, објавија кинеските државни медиуми.

Персоналот евакуирал 71 пациент, објавија медиумите.

Видеата од пожарот кои кружат на социјалните мрежи покажуваат црн чад како излегува од зградата, а некои луѓе бегаат низ прозорците на јаже направено од чаршафи.

Другите во обид да се спасат се качија на клима уредите што се наоѓаат веднаш до прозорците.

Пожарот е изгаснат, а причината е под истрага, според извештаите, на медиумите.

Спонзорирано: