22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русинка е уапсена во Шведска поради шпионажа

Шведските органи за спроведување на законот уапсија рускa државјанка осомничена за индустриска шпионажа, објавија денеска шведските медиуми, повикувајќи се на владин извор.

Според тамошните медиуми, жената била уапсена во нафтена рафинерија во Гетеборг, каде што работела.

Полицијата во Гетеборг го потврди апсењето, а истрагата е во рана фаза. Официјални лица за спроведување на законот одбија да го коментираат извештајот, повикувајќи се на доверливост.

Неколку лица се приведени на распит во врска со инцидентот, а шведската полиција извршила претрес на повеќе локации.