22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гувернерот на Флорида го потпиша законот за забрана на абортусот 6 недели по зачнувањето

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, го потпиша законот одобрен од Претставничкиот дом на таа американска сојузна држава, за забрана на абортусот шест недели по зачнувањето.

Канцеларијата на гувернерот на Флорида објави дека Десантис го потпишал нацрт-законот.

Забраната за абортус по шест недели ќе стапи на сила само ако сегашната забрана за прекинување на бременоста по 15 недели биде потврдена во тековниот правен процес пред Врховниот суд под контрола на конзервативците.

Пратениците на Претставничкиот дом на Флорида во четвртокот гласаа 70:40 за забрана на абортусот, додека во локалниот Сенат на 3 април законот беше усвоен со 26 гласа „за“ и 13 против.

Законот прави исклучоци во случај на силување, инцест или кога животот на мајката е сериозно загрозен.