22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Над 100 нови случаи на коронавирус, еден починат

За време на периодот од 03.04-09.04.2023, тестирани се вкупно 1.195 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно
тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 12,5% во однос на минатата недела (n=1.365).

Регистриран e 141 нов позитивен случај, со намалување од 9,0% во однос на минатата недела.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 15 градови.

Во текот на минатата недела (03.04-09.04.2023) со статус „оздравени“ се стекнале 156 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 10,3% помалку во однос на минатата недела. Во текот на минатата недела, пријавени се 47 реинфекции, за 7,3% помалку во однос на
претходната недела.

Пријавено е едно починато лице со датум на смрт во текот на последната недела (03.04-09.04.2023), од Куманово, на возраст од 75 години, со коморбидитети и починато во болнички услови.

Спонзорирано: