11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена паднала од шести кат во хотел во Шпанија: Полицијата се сомнева дека сопругот ја турнал

36-годишна жена се бори за живот откако се здобила со повеќе повреди по падот од шестиот кат во хотелот Рио Парк во Шпанија.

Полицијата го уапсила нејзиниот 40-годишен сопруг за кого се сомневаат дека ја турнал од балконот на хотелската соба.

„Судијата треба да одлучи за следните чекори. Двојката ја делеше истата просторија, па ние сме должни да го приведеме додека утврдиме што се случило“, соопшти полицијата.

Според локалните извештаи, очевидци ѝ кажале на полицијата дека мажот бил во хотелската соба, а жената на балконот.

Уапсеното лице се очекува да се појави пред суд во наредните денови.