18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг Ун побара поголема и поефикасна употреба на борбените сили поради влошувањето на ситуацијата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун побара проширување и поефикасна употреба на борбените сили поради „влошената безбедносна ситуација на Корејскиот полуостров“, објави денеска Корејската централна новинска агенција (КЦНА).

Тема на состанокот со кој претседаваше Ким Џонг Ун беше актуелната геополитичка ситуација во регионот и развојот на неколку воени планови.

„Ким ја истакна потребата од проширување на воените капацитети со побрзо темпо, како и нивна ефективна примена, како мерка за построга контрола и управување со сè потешката безбедносна ситуација на Корејскиот полуостров“, соопшти КЦНА.

Се нагласува дека севернокорејскиот лидер посочил дека задачите постојано се ажурираат и дека борбените капацитети на армијата се подобруваат.

Кон крајот на минатата недела, Северна Кореја престана да одговара на редовните повици на Јужна Кореја преку меѓукорејскиот канал за комуникација, вклучувајќи ги линиите на војската и Министерството за обединување.

„Двете земји одржуваат редовни разговори два пати на ден, наутро и попладне, преку воени и комуникациски линии, но Северна Кореја не возвраќа на повиците веќе петти ден“, се вели во соопштението на јужнокорејското Министерство за одбрана.