23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчкиот тренер педофил, кој беше осуден на 400 години затвор, пуштен на условна слобода, јавноста револтирана

Грчката јавност е револтирана и згрозена од фактот што монструмот и поранешен кошаркарски тренер, Никос Сеирагакис, беше пуштен на условна слобода откако во 2011 година беше осуден на 401 година затвор.

Поради педофилија и малтретирање триесет и шест деца, сите очекуваа дека ќе умре зад решетки, но грчкото правосудство дозволи да излезе од затвор.

На крајот на април 2020 година Сеирагакис првпат беше пуштен на условна слобода, што ја шокира тогашната јавност, но многу бргу беше вратен во затворот поради кршење на строгите правила.

Во тоа време тој живеел во областа на Солун и според тамошните медиуми, по повторното затворање, извесно време поминал во затворот „Гревена“, а потоа бил префрлен во Триполи.

Тој сега е на условен отпуст и не смее да остане ниту да престојува во Крит, мора два пати месечно да се јавува во полициска станица. Тој мора да престојува во одредена област на Атика и не смее да се дружи со малолетници, без придружба или согласност од оние што имаат старателство над нив.

Спонзорирано: