12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Драма во Чикаго: Кулата Трамп затворена, полицијата блокирала се поради дојава за вооружена жена

Меѓународниот хотел и кулата на Трамп во Чикаго se затворени бидејќи полициските тимови на „SWAT“ реагирале по извештаите за жена со пушка.

Полицијата не можеше веднаш да објави детали за инцидентот, но извор рече дека целата зграда е заклучена, пренесуваат медиумите.

Според извештаите, никој не смее ниту да влезе ниту да излезе поради жена со пушка во хотелската област на Трамп Тауер.

Полицијата делумно ги блокираше улиците околу зградата пренесува „CBS News“.

Најмалку два оклопни специјални камиони се на местото на настанот, јавува медиумот.

Жената наводно со пушка влегла во зградата околу 11:35 часот.

Полицијата за локалните медиуми изјави дека инцидентот не е веднаш поврзан со терористичка закана.

Спонзорирано: