18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Ми го земаа детето од раце, нема пари што ќе ми ја намалат болката“, вели мајка на починато момче откако прими заразена крв

Донекаде најдов мир со Бога и сега со тој суд ме вратија на почеток. Парите што треба да ни ги платат не можат да ми ја ублажат болката, вели мајка чие дете починало во 2018 година откако примило крв заразена со бактеријата ешерихија коли во детска болница.

Мајката, според медиумите во регионот, не сакала да ја коментира пресудата во која било наведено дека на семејството мора да му се исплатат милион куни (нешто повеќе од 138.000 евра). Таа само кусо вели дека парите не можат да и го вратат синот и дека нема задоволство од пресудата.

„Ми го зедоа детето од раце. Нема пари кои можат да ми ја ублажат болката – изјавила мајката за „Danas.hr“.

Нејзиниот петгодишен син во болница се лекувал од еден вид тумор на мозокот, а откако добил крв, состојбата нагло му се влошила.

„Празниците ми се најтешки, особено оние околу Велигден. Ова е најтешкиот период за мене. Почина на Цветници. И сега пресудата. Колку и да ја очекувавме, сега кога е тука ми е уште потешко. Донекаде најдов мир со Бога и сега ме вратија на почетокот. Повторно се отвораат рани кои никогаш не зараснале и никогаш нема да зараснат. Не дај Боже за никого“, вели таа.

Хрватскиот институт за трансфузиона медицина од Загреб мора на семејството на момчето да му ја исплати отштетата која му била досудена во износ од милион куни или околу 138.000 евра. Тие треба да платат и околу 300.000 куни (околу 40.000 евра) за трошоците на постапката, пренесуваат медиумите.